logo
logo
logo

ЛЕ: Рома најде лек за непобедениот Митјиланд, Динамо прегазен кај Лил (ВИДЕО)

Vecer | 27.11.2025

ЛЕ: Рома најде лек за непобедениот Митјиланд, Динамо прегазен кај Лил (ВИДЕО)

Рома му го нанесе првиот пораз на дански Митјиланд во рамките на 5. коло од лигашката фаза во Лигата на Европа. „Римската волчица“ ја продолжи фантастичната серија под водствои на тренерот Гасперини и вечерва на домашен терен славеше со 2:1, доволно да се обезбеди третата победа која полека ги носи кон горниот дел на табелата на три кола пред крајот.

Еден од големите фаворити во натпреварувањето, Астон Вила дојде до нова победа, овој пат на домашен терен против екипата на Јанг Бојс. Даниел Мален со два гола уште во првото полувреме го даде одговорот на прашањето за победникот на мечот иако гостите до крајот намалија за конечни 2:1.

Лил го „растури“ Динамо Загреб со 4:0, додека меѓу поинтересните натпревари од првиот сегннт на дуелите вечера го издвојуваме и дуелот меѓу Фенербахче и Ференцварош, каде гостите извлекоа бод играјќи 1:1 со што остануваат во водечката петорка на табелата.

Астон Вила – Јанг Бојс  2:1

Лил – Динамо Загреб 4:0

Лудогорец – Селта  3:2

ПАОК – Бран  1:1

Викторија Плзен – Фрајбург  0:0

Порто – Ница  3:0

Рома – Митјиланд  2:1

Феенорд – Селтик  1:2

Фенербахче – Ференцварош  1:1

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk