logo
logo
logo

ЛЕ: Олимпик (М) и Спарта моќно до осминафиналето (ВИДЕО)

Vecer | 22.02.2024

ЛЕ: Олимпик (М) и Спарта моќно до осминафиналето (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпик Марсеј, Спарта Прага и Спортинг се пласираа во осминафиналето на Лигата на Европа. Особено интересно беше во Марсеј, бидејќи Олимпик го победи Шахтјор Доњецк со 3:1, а домашниот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг го постигна својот 31. гол во ова натпреварување и стана рекордер на Лигата на Европа. Во првиот натпревар беше 2:2.

Возбудливо беше и во Прага, каде домашната Спарта го надополни поразот од 3:2 во Истанбул против Галатасарај, победи на домашен терен со 4:1 и стигна до 16-те најдобри во Лигата на Европа.

Во Лисабон, Спортинг и Јанг Бојс ремизираа 1:1, а бидејќи „лавовите“ победија со 3:1 во Берн, немаше дилеми околу учесниците во осминафиналето. Португалците ќе се подготвуваат за следниот ривал.

Натпреварот помеѓу Рома и Феенорд отиде во продолженија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk