logo
logo
logo

ЛЕ и ЛК: Ливерпул ќе игра и за својата чест, Рома и Леверкузен со еден чекор до полуфиналето!

Vecer | 18.04.2024

ЛЕ и ЛК: Ливерпул ќе игра и за својата чест, Рома и Леверкузен со еден чекор до полуфиналето!

Вечерва ќе се одиграат сите реванш мечеви од 1/4 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.

Секако дека во преден план е мечот Аталанта – Ливерпул, на кој тимот на Јирген Клоп ќе игра и за својата чест ако се знае дека на првиот меч дома беше поразен со 0:3.

Во Рим домашната Рома го дочекува Милан и тоа со предност од 1:0 од првиот меч на “Сан Сиро“, додека Леверкузен со 2:0 во џебот што се вели му гостува на Вест Хем. Четвртиот меч е оној меѓу Марсеј и Бенфика.

ЛИГА ЕВРОПА

1/4 ФИНАЛЕ – РЕВАНШИ – 21 ЧАСОТ

Марсеј – Бенфика (1:2)

Вест Хем – Леверкузен (0:2)

Аталанта – Ливерпул (3:0)

Рома – Милан (1:0)

*Во загради се резултатите од првите мечеви

ЛИГА КОНФЕРЕНЦИИ

1/4 ФИНАЛЕ – РЕВАНШИ

18:45 Ч

Фиорентина – Плзен (0:0)

Лил – Астон Вила (1:2)

21 Ч

Фенербаче – Олимпијакос (2:3)

Паок – Клуб Бриж (0:1)

*Во загради се резултатите од првите мечеви


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk