Вечерва се одиграа и последните осум реванш мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.
Астон Вила со рутински 2:0 успеа да слави против Лил и со вкупни 3:0 да се пласира во следната фаза во ЛЕ. Таму се и Бетис кој го декласира Панатинаикос со 4:0, како и Порто кој славеше против Штутгарт со 2:0. Во Рим, во италијанската пресметка, Рома и Болоња одиграа 3:3 па овој реванш замина во продолженија.
Во ЛК иако Рајо дома беше поразен од Самсун во реваншот со 0:1, сепак оди во 1/4 финалето.
ЛЕ – РЕЗУЛТАТИ
Рома – Болоња 3:3 (прдолженија)
Астон Вила – Лил 2:0
Бетис – Панатинаикос 4:0
Порто – Штутгарт 2:0
ЛК – РЕЗУЛТАТИ
Рајо Ваљекано – Самсунспор 0:1
Шахтјар – Лех 1:2
Спарта Прага – АЗ Алкмар 0:4
Стразбур – Ријека 1:1