Вечерва од 21 часот се играат реванш средбите од полуфиналните мечеви во Лигата на Европа и Лигата на Конфренции. Иако Астон Вила вечерва игра на свој терен,сепак и тоа како треба да се измачи за да дојде до финале ако се знае дека Нотингем Форест има предност од 0:1 од првиот меч. Инаку ова дуел меѓу два англиски тима кои некогаш биле и европски шампиони. Една од овие две екипи ќе игра во финалето на 20 мај во Истанбул на стадионот на Бешикташ, против севкупниот победник од двомечот Фрајбург – Брага.
Во Лигата на Конференции финалето се игра на 27 мај на “Ред Бул Арената“ во Лајпциг, а таму ќе се најда победниците од двомечите меѓу Кристал Палас – Шахтјар и Стразбур – Рајо Ваљекано. Вечерва се играат реваншите и во ова натпреварување.
ДВОЈКИ ЗА ЛИГА ЕВРОПА – ВЕЧЕРВА (21 Ч)
Астон Вила – Нотингем Форест (0:1)
Фрајбург – Брага (1:2)
ДВОЈКИ ЗА ЛИГА КОНФЕРЕНЦИИ – ВЕЧЕРВА (21 Ч)
Кристал Палас – Шахтјар (3:1)
Стразбур – Рајо Ваљекано (0:1)
*Во загради се резултатоте од првите мечеви