logo
logo
logo

Еве каков поглед ќе имате на финалето на СП 2026 ако за еден билет платите 10 милиони долари!

Vecer | 07.05.2026

Еве каков поглед ќе имате на финалето на СП 2026 ако за еден билет платите 10 милиони долари!

ФОТО:A View From My Seat

И дефинитивно фудбалот отиде во некој друг правец, за жал на вистинските фанови на овој спорт. Јасно е дека сите сакаат во живо да го гледаат финалето на Мундијалот, но за некои билети потребно е да се издвојат неверојатни 10 милиони долари, а погледот и не е којзнае каков

Фановите кои сакаат да го гледаат Светското првенство во живо во САД, Канада и Мексико ќе мора да се потрудат многу. Со оглед на тоа што продажбата на билети за најпрестижниот фудбалски турнир е во тек, медиумите објавија нформации за неверојатни цени на билетите за препродажба, па дури и билетите за групната фаза достигнуваат неверојатни цени.
Присуството на финалето ќе биде уште поскапо. ФИФА објави дека билетите за финалето на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси ќе чинат максимум 1.550 долари (1.317 евра). Сепак, на веб-страницата каде што сите можат да влезат бесплатно, некои билети од прва класа сега се продаваат за дури 10.990 долари (9.343 евра), додека билетите од трета класа се продаваат за огромни 5.785 долари (4.918 евра). И тоа пред воопшто да започне препродажбата.
Како што истакна „Скај Спортс“, а објави „Сан“, еден билет беше проценет на огромни 9,84 милиони долари. Тоа беше билет во делот 307, ред 22, седиште број 12, на стадионот со 82.500 седишта. Погледот од блиското седиште, што можете да го видите на фотографијата на насловната страница, покажува дека тоа не е најдоброто место за гледање.

Јасно е дека тоа наиде на реакција на фановите ширум светот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk