logo
logo
logo

ЛЕ: „Црвените ѓаволи“ на тежок тест против Реал Сосиедад, Арсенал против Бенфика во Рим

Vecer | 18.02.2021

ЛЕ: „Црвените ѓаволи“ на тежок тест против Реал Сосиедад, Арсенал против Бенфика во Рим

Откако бевме сведоци на првите четири меча од осминафиналето од Лигата на шампионите, денеска почнува нокаут-фазата и во Лигата на Европа. Директните елиминации на турнирот започнуваат со 1/16-финалната рунда во која некои од фаворитите за трофејот ќе се обидат да го надминат првиот круг елиминации без посебни потешкотии.

Натпреварите на Манчестер Јунајтед и Арсенал против ривалите од Шпанија предизвикуваат најсериозен интерес. „Црвените ѓаволи“ ќе се соочат со тежок тест против Реал Сосиедад на меч кој ќе се одигра на стадионот на Јувентус во Торино, а „топчиите“ за противник ја имаат Бенфика на Олимпико во Рим. Тотенхем и Лестер за противници ги имаат Волфсбергер и Славија (Прага), и би требало да ја искористат фаворитската улога за место во осминафиналето.

Милан ќе ја посети Црвена звезда на белградска „Маракана“, но секако мислите на „росонерите“ ќе бидат насочени кон дербито со Интер кое ги чека викендов. Наполи без десетина клучни играчи замина на гостувањето во Гранада, а Рома ќе се обиде да ја мине амбициозната Брага.

Првиот дуел од оваа фаза ќе се одигра во Киев каде уште од 16 часот тргнуваат Динамо (К) и Бриж.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk