logo
logo
logo

Лазаров: Се трудевме колку што можевме, но Данска е вистинска машина

Vecer | 17.01.2022

Лазаров: Се трудевме колку што можевме, но Данска е вистинска машина

Селекторот на Македонија Кире Лазаров вели дека ова ЕП е искуство за него како селектор и за играчите, па во наредниот период ќе ги засука ракавите и ќе се обиде да добие појасна слика околу репрезентацијата. Целта е да се оформат 16 до 20 играчи кои ќе го понесат товарот на репрезентацијата.

Задоволство ми е да играм против големи екипи, да се надмудрувам, да се спремам за мечот меѓутоа колку и да се трудев ова беше невозможна мисија да дадеме поголем и подостоен отпор иако во дадени моменти дадовме добар отпор и тоа со неафирмирани играчи кои се млади и кои би требало да бидат иднината. Овие минути што им ги дадовме многу ќе им значат.

Друго е кога македонски играч ќе го видите во македонски клуб, а друго е кога ќе го видите овде на Европско првенство и против една силна Данска.

Мислам дека пополека се чисти сликата и одиме во права насока, отприлика ги знам оние  16 до 20 играчи кои би можеле да играат во две насоки, со кои можеме да се држиме со големи противници како Данска 60 минути. Покажавме дека можеме да бидеме конкурентни некое време, но тие се машинерија и газат се пред себе.

Пробував, вртев и донекаде успеав, дури и некои нивни резерви беа фантастични. Делумно сум задоволен, важно е да оформиме чиста слика да знаеме на што сме. Многу ни значи ова ЕП. Мислевме дека можеме против Словенија и Црна Гора, но се покажа дека сме имале силни противници во групата. Посебно Црна Гора која изненади.

Се  спремавме максимално, но некогаш не можеме да одиме против проблемите. Треба да ги засукаме ракавите и да работиме да го прошириме ростерот и да бидеме конкурентни и да останеме на големите натпреварувања“, изјави Лазаров.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk