logo
logo
logo

Лазаров не застанува: Од Скопје правец во Шпанија

Vecer | 17.08.2021

Лазаров не застанува: Од Скопје правец во Шпанија

Кирил Лазаров ова лето целосно се посвети на македонскиот ракомет, поточно на градење на иднината. Капитенот на националниот состав и селектор на сите репрезентации уште еднаш докажа дека Македонија му е на прво место.

По завршување на напорната сезона веднаш се фати за работа, ова лето беше со младите генерации, поточно со кадетската селекција. На ЕХФ шампионатот во Скопје го освои второто место, а веднаш по завршување на ова првенство ги спакува куферите и замина за Шпанија.

Лазаров нема да одмара веднаш им се приклучи на подготовките на Нант за кого ќе игра уште една година, се со цел да остане играчки активен во периодот на промена на генерации во нашиот национален тим. Неговата идеја е оваа транзиција да ја минеме безболно, а Македонија да го продолжи континуитетот на учества на големите натпреварувања.

Нант оваа сезона ќе биде дел Европската Лига, лани направи голем успех по вторпат во својата историја стигна до фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони, и тоа благодарение на Лазаров, кој во најважните моменти го повлече тимот, ја даде дозата на искуство која на францускиот тим му беше потребна. Па токму затоа раководството на Нант на своето задоволство одлучи да му понуди на Кире нов едногодишен договор.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk