logo
logo
logo

Лапорта повторно на состанок со Чеферин: Барса ќе ја моли УЕФА да не биде исфрлена од ЛШ!

Vecer | 03.06.2023

Лапорта повторно на состанок со Чеферин: Барса ќе ја моли УЕФА да не биде исфрлена од ЛШ!

Барселона полека но сигурно ја враќа старата слава, но од минатото како да не може да избега. Па затоа сега постои опасноста, по скандалот со судиите, да биде исфрлена од Лигата на Шампионите, нели и неколку инспектори на УЕФА беа во инспекција.

Со оглед на тоа дека Хоан Лапорта добро знае што ќе се случи со Барселона ако не игра во ЛШ, тој има план. Имен следниот викенд ќе патува во Истанбул каде ќе се игра финалето во ЛШ меѓу Интер и Сити. Намерата е јасна, на лице место да се види со Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, и да моли Европската куќа на фудбалот да на је исфрла Барса од ЛШ.

Наводно Лапорта имал намера да му каже на Словенецот дка тој и неговиот клуб и дефинитивно ќе ја напуштат идејата за Суперлигата.

Да се потсетиме дека пред еден месец веќе имаше ваков состанок меѓу Лапорта и Чеферин.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk