И покрај тоа што има одлична сезона во Ла Лига, титулата е на дофат, сепак далеку е Барса од тоа да се каже дека се е идеално во редовите на каталонската гордост. Прво со проблемите со финансиите, а во последните неколку денови и поради скандалот – Негреира, човекот кој наводно како прв човек на Судиската комисија во Ла Лига, им помагал на каталонците.

Па така на се ова имаше свој коментар деновиве и Хоан Лапорта, првиот човек на клубот од “Камп Ноу“:

Тие немаат ништо, единствено што сакаат е да го компромитираат нашиот углед. Овој клуб опстојува 123 години, покажува вредности, чесност, така ние го разбираме фудбалот и животот воопшто. Не е тајна дека многумина сакаат да ја уништат Барса, да ја удават што се вели, но ние ќе ја браниме до последната капка крв“ истакна покрај другото Лапорта.


sportmedia.mk