logo
logo
logo

Лапорт го промени државјанството, ќе заигра за репрезентацијата на Шпанија

Vecer | 13.05.2021

Лапорт го промени државјанството, ќе заигра за репрезентацијата на Шпанија

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Ејмерик Лапорт, реши да го смени своето спортско државјанство. Лапорт има државјанство на Франција, но во досегашната кариера не заиграл во дресот на сениорската репрезентација на „триколорите“.

Јасно е дека конкуренцијата во тимот на светски шампион е многу голема и затоа Лапорт реши да се обиде во дресот на шпанската репрезентација.

Медиумите во Шпанија објавија дека Лапорте официјално го добил пасошот на оваа земја, и дека ФИФА му одобри да игра за „Црвената фурија“ во иднина.

Како што стојат работите, Лапорте ќе дебитира за Шпанија следниот месец и се очекува да се најде во списокот на Луис Енрике за Европското првенство кое започнува на 11 јуни.

Дефанзивецот на Манчестер Сити ги мина сите младински селекции на Франција, а одигра и 19 натпревари во дресот на младата репрезентација.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk