logo
logo
logo

„Ланксес Арена“ останува празна за евролигашкиот спектакл

Vecer | 28.04.2021

„Ланксес Арена“ останува празна за евролигашкиот спектакл

И покрај големата желба на раководството на Евролигата, завршниот турнир од елитното натпреварување ќе се одржи без присуство на навивачи на трибините.

Ваквата одлука е донесена за да се сочува здравјето на кошаркарите. Затоа, пристап до „Ланксес“ арената во Келн, каде ќе се одржи „Фајнал-форот“ ќе имаат ограничен број новинари, а лимитиран ќе биде и бројот на членови на екипите учеснички.

Со тоа официјално ќе се стави крај на сезоната која во најголем дел (со исклучок на Русија и Израел) се одигра без навивачи на трибините.

Завршниот турнир е закажан за периодот од 28. до 30. мај.

Келн ја задржа организацијата откако лани, поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, Евролигата беше прекината и не беше прогласен шампионот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk