logo
logo
logo

Ламаркус Олдриџ нов член на ѕвездениот тим на Бруклин

Vecer | 28.03.2021

Ламаркус Олдриџ нов член на ѕвездениот тим на Бруклин

Ламаркус Олдриџ и официјално е нов кошаркар на Бруклин Нетс. Неговиот агент синоќа го потврдил трејдот во завршницата на можоста на клубовите да ангажираат нови кошаркари.

Според инсајдерот Шамс Харанија, двете страни ќе потпишат едногодишен договор со минимални услови.

Претходно, Олдриџ се согласи да го откупи договорот со Сан Антонио. Се веруваше дека негова следна дестинација ќе биде Мајами, но тој с еодлучил за Нетс верувајќи дека со нив има шанси да ја освои титулата.

Олдриџ се очекува да биде број новата „петка“ во Бруклин. На клубот со три суперsвезди претходно му се придружи и Блејк Грифин.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk