Лајпциг и Холштајн Кил и се придружија на Борусија (Д) во полуфиналето од Купот на Германија. Вечерва во двете средби од четвртфиналната фаза, најпрво Холштајн Кил со убедливи 3:0 го елиминираше четвртолигашот Есен, а потоа и Лајпциг со победа од 2:0 обезбеди полуфинале победувајќи го Волфсбург.
Интересно е што Волфсбург имаше пенал во 26. минута, но Вегхорст промаши, па Лајпциг со головите на Поулсен и Хванг во второто полувреме успеа да се избори за пласман меѓу четирите најдобри.
Последниот полуфиналист ќе го даде одложениот дуел меѓу Регензбург и Вердер.
sportmedia.mk