logo
logo
logo

Лајпциг го потврди Јотиќ: Хрватот оди во Бундеслигата со договор на 1+1 сезона

Vecer | 10.05.2021

Лајпциг го потврди Јотиќ: Хрватот оди во Бундеслигата со договор на 1+1 сезона

Хрватскиот интернационалец кој оваа година го носеше дресот на Вардар, Ловро Јотиќ и официјално станува ракометар на Лајпциг. 26-годишниот бек доаѓа во Лајпциг со договор на една година со опција за уште една сезона. Покрај Симон Ернст, Оскар Санефелд и Шиме Ивиќ, тој е четвртото ново засилување за Бундеслигашот.

Минатата сезона, Јотиќ беше втор најдобар стрелец во СЕХА лигата со 68 погодоци на 15 натпревари. Во тековната сезона во ЛШ тој постигна 40 гола во дресот на Вардар.

„Многу сум среќен што сум нов член на ракометното семејство Лајпциг. Со преселбата во Германија имам шанса да играм во најдобрата лига во Европа. Ова е нов предизвик што навистина го чекам со нетрпение“, изјавил Јотиќ за официјалниот сајт на клубот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk