logo
logo
logo

Лацио се „спаси“ ќе плаќа карични казни, но бодовите ќе му останат

Vecer | 26.03.2021

Лацио се „спаси“ ќе плаќа карични казни, но бодовите ќе му останат

Тужителите на италијанскиот фудбалски сојуз, не побараа одземање на бодови, туку само парична казна и суспензии за поедини членови на тимот на Лацио за скандалот од пред неколку месеци во нивниот тренинг камп. Лацио е обвинет, а и ќе биде осуден за непочитување на ковид правилата во време на пандемија, а за тоа ќе биде „олеснет“ со 200.000 евра. Плус суспензија добиваат сопственикот на клубот, Клаудио Лотито (13 месеци) и двата масери, Фабијо Роди осносно Иво Пулчини (по 16 месеци).

Извештаите, медицинските поточно потврдија дека Лацио ризикувал суспензија и одземање на бодови па дури и испаѓање од Серија А, затоа што не ги почитувал ковид протоколите во неговиот тренинг центар. Екипи за иснпекција влегоа во објектот, земаа примероци, брисови, и се што е потребно да се утврди фактичката состојба, и се дојде до заклучок дека има причини клубот да биде казнет.

Лациот во тоа време, не само што дозволи тројца фудбалери кои морале да бидат во изолација, да тренираат туку еден од нив, со сериозни симптоми, и натстапил на натпревар.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk