Денеска продолжуваат квалификациите за СП 2022, а на програмата се неколку интересни средби. Нема мега дерби, но затоа има неколку мечеви на кои треба да се обрне внимание. На „Ер Албанија“ стадионот играат Албанија и Англија, ова е нивен четврти меѓусебен дуел во историјата, а прв по 2001 година. Инаку сите четири натпревари ги добила Англија.

Нашиот северен сосед Косово на стадионот Фадил Вокри во Приштина ќе ја пречека Шведска засилена со Златан Ибрахимовиќ. Ветеранот се врати во националниот тим по пет години и минатото коло асистираше за единствениот гол за победа на Швеѓаните над Грузија. За Косово ова е прв меч во овие квалификации.

Бугарите доживеаа дебакл од Швајцарија на домашен терен (1:3) пред неколку денови, а сега во Софија им доаѓа Италија. Ќе биде екстремно тешко да се „извадат“ против поранешниот европски и светски првак кој со победа тргна во овие квалификации (2:0 против Северна Ирска).

Во нашата група Ј играат Романија и Германија. Романците ја победија Македонија со 3:2, а Германците беа убедливи против Исланд (3:0). „Панцерите“ се фаворити.

ДЕНЕСКА ИГРААТ:

15:00 ЧАСОТ
КАЗАХСТАН – ФРАНЦИЈА
18:00 ЧАСОТ
АЛБАНИЈА – АНГЛИЈА
ЕРМЕНИЈА – ИСЛАНД
ДАНСКА – МОЛДАВИЈА
ГРУЗИЈА – ШПАНИЈА
20:45 ЧАСОТ
АВСТРИЈА – Ф.ОСТРОВИ
БУГАРИЈА – ИТАЛИЈА
ИЗРАЕЛ – ШКОТСКА
КОСОВО – ШВЕДСКА
ПОЛСКА – АНДОРА
РОМАНИЈА – ГЕРМАНИЈА
САН МАРИНО – УНГАРИЈА
МАКЕДОНИЈА – ЛИХТЕНШТАЈН
ШВАЈЦАРИЈА – ЛИТВАНИЈА
УКРАИНА – ФИНСКА

sportmedia.mk