logo
logo
logo

КУП НА МАКЕДОНИЈА: Силен отпор на ТФТ, но полуфинале за Работнички

Vecer | 14.05.2021

КУП НА МАКЕДОНИЈА: Силен отпор на ТФТ, но полуфинале за Работнички

На второто четвртфинале меѓу Работнички и ТФТ во Купот на Македонија „Благоја Геогиевски-Буштур“ не видовме квалитетна пресметка. Дебитантот одигра храбар меч, би рекле беше многу подобар противник од „црвено-белите“, но падна во самиот финиш. Искусниот Работнички благодарение на Ефремовски, кој погоди важна тројка и двата поени на Бундовиќ зачекори кон полуфиналето. На крајот славеше со 66-62.

Ефремовски со 17 поени од кои пет тројки беше прв стрелец, зад него беше Питс со еден помалку. Кај ТФТ, Смит запиша 15, Хортон 13.

Најтрофејниот имаше проблем со реализација, упорно се форсираше шутот за три поени, но тешко одеше на стартот. Ниту пак одбраната беше на потребното ниво. Избраниците на Димитар Мираковски имаа водство од 6-2, а потоа ТФТ со серија од 11-0 направи целосен пресврт (6-13).

Дебитантот продолжи со добра игра и во втората четвртина, имаше позитива од 15-23. По 28-31 на одморот, Работнички постојано се мачеше да ја надополни негативата од пет до шест поени. Во решавачките десет минути успеа да намали на 48-50, а потоа да израмни на 50-50.

Младеновиќ со тројка успеа да го врати водството на Работнички по долго време (55-54). На четири и пол минути до крајот, Смилковски мораше да повика тајм-аут. Очекувано, следеа неизвесни минути и игра кош за кош.

Ефремовски на минута и пол до крајот со петата тројка зголеми на 62-59, по две грешки на противникот, Работнички не искористи два напади за печат на овој меч. Хортон погоди две слободни за 62-61 на 20 секунди до крајот, Бундовиќ ја заби топката на седум секунди и го реши дуелот.

Работнички во полуфиналето ќе игра со подобриот од Еуро Никел и Гостивар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk