Денеска во салата „Јасмин“ во Кавадарци на програмата се полуфиналните пресметки во женска конкуренција во Купот на Македонија. Улогата на бранител ја имаат ракометарките на Куманово, кои во првото полуфинале ќе ги одмерат силите со Металург, мечот е закажан со почеток во 14 часот.
Инаку најтрофеен тим е Кометал ЃП има 16 титули, Вардар има освоено шест, Металург четири, додека Куманово, актуелниот бранител оди по третата Куп-титула.