logo
logo
logo

Kуп на Македонија: Крива Паланка е првата пречка на фаворитот Бадел 1862

Vecer | 05.05.2021

Kуп на Македонија: Крива Паланка е првата пречка на фаворитот Бадел 1862

На 7 и 8 мај во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе се одигра завршницата на кошаркарскиот Куп во женска конкуренција. Во првото полуфинале ќе се соочат Бадел 1862, кој е најтрофејниот клуб кога станува збор за Куп натпреварувањето и тимот на Крива Паланка кој ќе се потруди да им ги отежне плановите на кошаркарките од противничкиот тим во исто време испишувајќи клупска историја.

Ова се очекувањата од овој дуел од редовите на двата табора.

Перо Стамевски, тренер ЖКК Бадел 1862

Пред се би посакал добро здравје на сите екипи, добра игра и квалитетни натпреаари. Нашата цел прво е пласман во финалето, а пред да се стигне до таму мора да се изигра полуфинале со Крива Паланка. Ќе сториме се да влеземе во тоа финале, ќе се подготвиме колку што имаме уште два-три дена и ќе дадеме се од себе. Во финалето се е можно. Посакувам најдобрата екипа да го освои пехарот“.

Сања Адамоска, капитен ЖКК Бадел 1862

Би сакала да им честитам на сите екипи кои обезбедија учество на турнирот, Како што кажа и Генералниот Секретар, мислам дека оваа година натпреварите, а и самиот квалитет ветува интересна кошарка. Самата Супер лига од натпревар во натпревар е со зголемен квалитет и сè поголема неизвесност. Не би сакала да издвојам фаворит бидејќи сите екипи ветуваат. Во име на мојата екипа можам само да кажам да гарантирам дека ние ќе дадеме се од себе и дека ќе се обидеме да го освоиме Купот

Ирена Белешковска, технички раководител Крива Паланка

Задоволство ми е што првенството стигна до некоја завршница и покрај предизвиците кои ги диктира пандемијата. Драго ми е што сите сме пред прагот на завршницата од овој Куп. Од името на КК Крива Паланка би сакала да истакнам дека можеби сме најмладиот тим којшто влезе во Супер лигата и како таков бевме изненадување, но иако сме млади сме и амбициозни. Така влеговме во секој натпревар и секој натпревар што успеавме да го добиеме за нас беше како освојување на првенството. Горди сме што сме дел од големата четворка со која дојдовме со млади играчи со просечна возраст од 15 години, како и двете засилувања Марија Петровиќ и Милена Марјановиќ, како и во стручниот штаб со господинот Слаѓан Ивиќ. Успеавме за месец, месец и половина да направиме компактност и тим којшто со срце се движеше од натпревар во натпревар. Така ќе настапиме и во Купот. Се надевам дека ќе продолжиме да изненадуваме и понатаму

Михаела Алексовска, капитен Крива Паланка

Честитки до клубовите кои се пласираа на завршницата. Ние сме релативно млад клуб, но сме упорни и амбициозни и ова го постигнавме со работата од изминатите години. Голема благодарност до кошаркарките, моите соиграчи, но и особена благодарност до тренерите кои имаат трпение да го постигнат сето ова со нас. Благодарност и до нашите Мими и Маја кои ни помогнаа да се најдеме тука каде што сме сега и се надевам дека ќе нанижеме уште некој успех


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk