logo
logo
logo

Куп на Македонија: Бранителот на трофејот против Баскет Кам

Vecer | 05.05.2021

Куп на Македонија: Бранителот на трофејот против Баскет Кам

На 7 и 8 мај во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе се одигра завршницата на кошаркарскиот Куп во женска конкуренција – „Благоја Георгиевски Буштур 2021“. Во едното полуфинале ќе играат Бадел 1862 и Крива Паланка, а во другото освојувачот Вардар против Баскет Кам 2011 за кои оваа е прва натпреварувачка сезона.

Јелена Антиќ, тренер Вардар

Прво сакам да им честитам на сите екипи што постигнаа ваков резултат во оваа специфична сезона. Јас сум нов тренер во кошаркарскиот клуб Вардар и во релативно кратко време можам да кажам дека постигнавме една многу добра игра. Девојките се залагаат максимално и во последниот месец покажаа многу добра игра што ме радува. На првиот натпревар против Баскет Кам можам да кажам дека можеби имаат повеќе искуство на нивна страна со новите засилување, но од друга страна важно е да се знае дека не секогаш искуството победува. Мислам дека екипите што ќе покажат најмногу срце и залагање на теренот ќе победат. Им посакувам многу среќа на сите екипи и се надевам дека нашиот клуб ќе влезе во финалето и ќе го освои Купот.

Симона Деловска, капитен Вардар

Сакам да им честитам на сите екипи што стигнаа до завршниот турнир. Се надевам дека тоа што секоја екипа има нови засилувања дека ќе го извлече максимумот од натпреварите. Дека сите ќе покажат добра игра и дека ќе има добри и интересни натпревари за тие што ќе ги гледаат. Вардар како клуб ќе се обиде да даде се од себе и се разбира да го оправдаме тоа што сме освојувачи на Купот неколку години по ред. Се надевам, пред се, дека натпреварот од полуфиналето ќе биде интересен и секако се надевам на пласман во финале

Јордан Цветановски, тренер Баскет Кам 2011

Со самото учество на овој турнир ние ја постигнавме својата цел и им овозможивме на нашите играчи  да го покажат својот квалитет во битка со најдобрите екипи од државата. Нашата екипа е подготвена и со вистински пристап кон играта и со квалитетот кој што го поседуваме, очекуваме добри резултати

Катерина Поп Димитровска, капитен Баскет Кам 2011

Честитки до четири екипи, а и огромна благодарност до федерацијата што и во вакви тешки услови ќе го организира Купот, а со тоа и нивото на женската кошарка во државата. Сите екипи заслужено се тука, верувам дека ние сме една од поквалитетните екипи и дека со труд и желба ќе го освоиме пехарот. Силно сме мотивирани и ќе го дадеме својот максимум во извојување на победите и со тоа да ги израдуваме нашите навивачи


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk