logo
logo
logo

Куп финале: Баскет Кам за нов историја против Бадел

Vecer | 08.05.2021

Куп финале: Баскет Кам за нов историја против Бадел

Денеска ќе биде познато име на новиот освојувач на Купот на Македонија во женска конкуренција. Во финалето на ова натпреварување кое го носи по името на легендарниот Благоја Георгиевски – Буштур, ќе се сретнат Бадел 1862 и Баскет Кам, мечот е закажан со почеток во 17 часот.

Бадел го има искуството, знае како се освојуваат трофеите во ова натпреварување, во периодот од 2014 до 2017 доминираа во Купот. На другата страна пак Баскет Кам со пласманот во финалето испишаа историја, тие пак покажаа дека имаат квалитет за големи дострели.

„Голема благодарност до Кошаркарската Федерација за организацијата на овој турнир во вакви тешки и специфични услови. Би им честитал на четирите екипи за ферплеј играта. Ова за нас е најголем успех во историјата на клубот па затоа оваа победа ни е од огромно значење. Се надеваме на добар натпревар во финалето и дека ќе го покажеме целиот наш квалитет кој го поседуваме. Бадел е многу квалитетна екипа, најтрофеен клуб во Македонија. Мислам дека ќе ’решава’ моменталната инспирација и желба за победа и за освојување на купот“, изјави тренерот на Баскет Кам, Јордан Цветановски.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk