logo
logo
logo

Куманово после пет години го урна МЗТ Скопје среде Аеродром (ФОТО)

Vecer | 05.05.2021

Куманово после пет години го урна МЗТ Скопје среде Аеродром (ФОТО)

МЗТ Скопје и Куманово одиграа неизвесен натпревар, победникот на оваа средба се решаваше во последната четвртина. На крајот бодовите им припаднаа на гостите, кои сосема заслужено се радуваа на триумфот (76-83), кој беше прв после пет години. Со овој пораз, МЗТ Скопје ги изгуби шансите за второто место на табелата на едно коло пред крајот на регуларниот дел.

Ливингстон со дабл-дабл од 20 поени и 11 асистенции беше прво име, 17 поени запиша Андрејевиќ, Маркоски имаше 13 поени, еден помалку постигна Џекиќ. Кај МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски беше стрелец на 16 поени, Мекиќ имаше 13.

Домашниот состав беше добар во првата четвртина, поведе со 7-0, со поените на Дамјан Стојановски (пет) и два на Бојан Крстевски. Плус седум беше и на средината на овој период (14-7). Куманово ја бараше својата игра и во следниот период, но противникот беше минимално подобар, на полувремето беше 39-32.

Кошаркарите на Куманово притиснаа во третата четвртина ја добија со 16-23. Во ист ритам продолжија и во одлучувачките десет минути, имаа водство од два до три поени. На две минути до крајот по поените на Ливингстон за 70-74, гостите не искористија напад за зголемување на водството, па Мекиќ казни за 73-74.

Избраниците на Дарко Радуловиќ не се снајдоа во финишот, со нови пет поени Куманово зголеми на 73-79. Тарнер зголеми на 76-79, но потоа неговиот тим направи намерна лична грешка, мечот влезе во пенал завршница со среќен крај за Куманово.

И двата тима до крајот на регулардниот дел имаат да одиграа по еден натпревар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk