logo
logo
logo

Куман: Првото полувреме ни беше лошо, не сме задоволни од судењето

Vecer | 10.04.2021

Куман: Првото полувреме ни беше лошо, не сме задоволни од судењето

Роналд Куман, тренерот на Барселона смета дека Барселона требала да добие пенал во вториот дел, и дека Барселона можела да дојде до 2:2.

„Незадоволни сме од две одлуки на судијата. Но, прво да кажам дека во првиот дел бевме лоши. Ниту напаѓавме, ниту се браневме како што треба. Во вториот дел се подобрувавме“, рече Куман, и се осврна на судијата.

„Барам само од судијата да ја прегледа својата одлука. Мислам дека беше пенал. Дополнителното време беше само четири минути, а имаше многу измени, прекини, црвен картон. И, не ми е јасно зошто не беше гледан ВАР при ситуацијата? Но, мора да го прифатиме овој резултат и да продолжиме понатаму“, рече Куман.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk