Англија остана без финале на Светското првенство, а по драматичниот пораз од 2:1 од Аргентина, Џуд Белингам беше во центарот на вниманието, но не поради играта. Недолго по последниот свиреж на судијата, на социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како Џуд Белингам, ѕвездата на Англија и Реал Мадрид, го удира репрезентативецот на Аргентина, Валентин Барко, одзади, по тилот, додека „Гаучосите“ го славеа пласманот во финалето.
Белингам очигледно тешко го поднесе болниот пораз од својата репрезентација. Англија водеше од 1:0 до самиот крај, но Аргентина го сврте резултатот за неколку минути. Енцо Фернандес и Лаутаро Мартинез, по асистенции од Лео Меси, донесоа целосен пресврт и ги одведоа актуелните светски шампиони во ново финале. Инцидентот по натпреварот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што сите остро го осудија кукавичкиот потег на Белингам и го оценија како неспортски и непотребен.
😱 ¡EL ENGANCHÓN DE BELLINGHAM CON LOS JUGADORES DE ARGENTINA TRAS EL FINAL!#NuestroMejorMundial #NuestroMejorMundialAS @jfelixdiaz @as_tv pic.twitter.com/9Y8rlgG2TL
— Diario AS (@diarioas) July 15, 2026