logo
logo
logo

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ЧЕКА БЛИЗНАЦИ

Vecer | 29.10.2021

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ЧЕКА БЛИЗНАЦИ

Кристијано Роналдо има причина за задоволство – објавил тој и неговата партнерка Георгина Родригес очекуваат близнаци.

“Среќни сме што можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Срцата ни се полни – одвај чекаме да ве запознаеме“, објавил Роналдо на Инстаграм со фотографија на која тој и Георгина гледаат слика од ултразвук.

Роналдо има четири деца.

Најстариот син, Кристиан Јуниор, го родила сурогат мајка 2010. година, а седум години подоцна Роналдо на сличен начин станал татко на близнаците Ева и Матеа.

Алана Мартина има четири години и прво дете е од неговата врска со Георгина.

Роналдо неодамна за Франс фудбал изјавил дека сака да има седум деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk