logo
logo
logo

„Кралевите“ со пресврт ја победија Алмерија, прекрасен гол на Алаба (видео)

Vecer | 15.08.2022

„Кралевите“ со пресврт ја победија Алмерија, прекрасен гол на Алаба (видео)

Екипата на Реал Мадрид го освои европскиот Супер куп по победата над Ајнтрахт, а вечерва за малку ќе се посрамотеа на гостувањето кај Алмерија на стартот на новата сезона во шпанската Ла Лига. Го совладаа противникот со 2:1 и тоа со пресврт со голови во второто полувреме.

Алмерија поведе со голот на Рамацани во 6. минута, а четата на Карло Анчелоти долго се мачеше за да ги врати работите како што треба.
Им требаа дури 29 шутеви на противничкиот гол (15 во рамките на голот) за да го совладаа противникот.

Фудбалерите на Алмерија дадоа гол на стартот и потоа ја зацврстија дефанзивата знаејќи дека ќе мора да ги заклучат приодите кон својот гол за налетите на Бензема, Винисиус, Крос, Модриќ и останатите.
Добро се држеа, но бедемот падна во 61 минута кога Вазкес ја затресе мрежата на асистенција на Бензема. А во 74 минута влезе Давид Алаба и го изведе слободниот удар по кој топката заврши во голот на домашната екипа.
Реал победи со 2:1 и го отвори патот до првите три бода.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk