logo
logo
logo

“Кралевите“ фрапирани од ужасните услови за тренинг на СКП!

Vecer | 16.06.2025

“Кралевите“ фрапирани од ужасните услови за тренинг на СКП!

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, а посебно “Марка“ која е блиска и тоа како со Реал Мадрид, експедицијата на овој клуб била фрапирана од лошите па и ужасни услови за тренинг на Флорида. Имено по доаѓањето во САД на СКП, “кралевите“ биле дочекани кралски, во најскапите апартмани и во месноста Палм Бич Гарденс, но кога заминале да го одработат првиот тренинг Чаби Алонсо и неговите фудбалери не можеле да поверуваат во тоа што гледаат.

Само терени и ништо друго. Никаквио соблекувални, значи немало ни тушеви, а немало ни останати придружни елементи кои се неопходни за одработување на тренинзите.

Сепак Рела не би бил најголем клуб во светот ако набрзина не нашол решение. Веднаш биле донесени шатори, преносливи тушеви, соблекувални и се што е потребно, дури до терените за тренинг монтирале и монтажна теретани, само играчите да не се нервираат.

За само неколку часа се било ОК, па така “кралевите“ можат да се подготвуваат за средбите на СКП како да се во својата база во Мадрид.

ФОТО: Реал Мадрид Инфо/Х


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk