logo
logo
logo

Ковид-19 го „тресе“ шампионот Вардар

Vecer | 24.03.2021

Ковид-19 го „тресе“ шампионот Вардар

ОК Вардар се соочува со големи проблеми пред денешниот дерби дуел против Џио Струмица. На клупата на шампионот нема да биде тренерот, Марјан Трајковски кој е позитивен на коронавирус. Но, ова не е единствената информација, во „црвено-црните“ редовите уште тројца одбојкари не се чувствуваат добро и тие се ставени во изолација.

Ова ќе биде голем удар за Вардар во дербито со лидерот на табелата, кој во минатото коло беше совладан од Универзитет Тетово. Пресметката меѓу „црвено-црните“ и струмичани ќе биде вовед за куп-натпреварот во рамките на полуфиналето.

ФОТО: ОК ВАРДАР

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk