logo
logo
logo

Ковачиќ се повреди и не игра против Реал Мадрид

Vecer | 23.04.2021

Ковачиќ се повреди и не игра против Реал Мадрид

Матео Ковачиќ е повреден и нема да може да му помогне на неговиот тим Челзи ниту викендов на мечот од Премиер лигата против Вест Хем, ниту пак против тимот на Реал Мадрид во вторник дуел кој се игра во рамките од Лигата на Шампионите.

Природата на повредата за јавноста не и е позната но, тренерот Томас Тухел вели дека можно е хрватскиот интернациоалец да не биде способен да заигра ниту на дуелот против Фулам кој е закажан за 1. мај.

„Да се надеваме дека ќе може да ни помогне барем за против Фулам. Секако, последен збор има лекарскиот тим но мислам дека до тогаш ќе се врати на терен“ – изјави Тухел.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk