logo
logo
logo

Конте: Интер е тим кој тешко се победува, но заслуживме повеќе!

Vecer | 02.03.2025

Конте: Интер е тим кој тешко се победува, но заслуживме повеќе!

Тренерот на Наполи, Антонио Конте зборуваше по ремито 1-1 на неговиот тим против Интер во 27. коло од италијанската Серија А.

„Секако дека има мало разочарување од резултатот бидејќи одигравме одличен натпревар против многу силен тим. Интер е борбен брод кој се гради со години, многу е тешко да се победи“, изјави Конте.

Двата загубени бода го спречија тимот од јужна Италија да го симне шампионот од првото место.

„После ваков натпревар разбираме дека можеме да го кажеме нашиот збор во првенството. Ако секогаш покажуваме ваква одлучност, до крајот на сезоната ќе бидеме во најдобра форма. Ќе бидеме како мачки со канџи, рече и Конте.

Ова воедно беше петти последователен натпревар за наполитанците во кој не успеаја да забележат победа.

„Одигравме одличен натпревар. Заслуживме повеќе, но мора да разбереме дека зависиме од себе. Не сум задоволен. Мора да продолжиме во истиот дух“, заклучи Конте.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk