Во квалификациите за СП 2026, во групата – К, ждрепката сакаше да се паднат Србија и Албанија, двете земји кои заеднички ќе го организираат ЕП за младинци.
Познато е каква фудбалска историја имаат овие две земји, што се се случуваше во Белград пред неколку години на еден меч.
Токму затоа, барем според пишувањето на одредени новинари во Албанија, мечот од оваа група, кога Србија ќе биде домаќин, најверојатно нема да се игра во Белград.
Демек една од опициите бил Нови Сад. Сепак за ова одлука ќе донесе ФС на Србија, во комуникација со УЕФА. Дали овие сензационални најави ќе се остварат ни останува само да видиме.
Мечот е закажан за 7 октомври, а Белград нема да бил домаќин од безбедносни причини со оглед на тоа дека на стадионот “Маракана“ сигурно ќе има 55.000 гледачи, а во Нови Сад едвај 20.000.