logo
logo
logo

Конте бара финансиски гаранции од сопствениците на Интер

Vecer | 06.05.2021

Конте бара финансиски гаранции од сопствениците на Интер

Тренерот на Интер, Антонио Конте, наводно, побарал гаранции од компанијата Сунинг за ситуацијта во клубот за претстојната сезона.

Тренерот на „нероаѕурите“ има договор со Интер до јуни 2022 година, но тој нема да остане во Милано, доколку клубот не успее да задржи стабилна финансиска ситуација. Конте рече дека ќе одлучи за својата иднина кога ќе дојде вистинското време.

„Тутоспорт“ пишува дека Конте сака да седне со сопствениците на клубот и да го види планот за следната сезона. Има најава дека ќе има кратење на платите, а тоа може да биде сериозен удар за шампионот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk