logo
logo
logo

Консеисао бесен на играчите: Ова е најлошото прво полувреме во мојата кариера

Vecer | 12.01.2025

Консеисао бесен на играчите: Ова е најлошото прво полувреме во мојата кариера

Тренерот на Милан, Серхио Консеисао беше доста лут на своите играчи за нивниот настап на мечот со Каљари (1:1). Тој беше особено незадоволен од нивниот настап во првото полувреме, според него ова е најслабото полувреме што го видел во неговата 13-годишна тренерска кариера.

„Очекував многу, многу повеќе во секоја област на теренот. Со оглед на класата на составот што го имам, ова може да се опише како најлошото прво полувреме во мојата 13-годишна тренерска кариера. Ни недостигаше виталност, бевме премногу бавни. Каљари се повлече во сопствениот шеснаесетник за да спречи гол. Тоа беше нивната стратегија, но ние моравме да го направиме она што го трениравме, да ги најдеме празните места. Не бевме доволно паметни да го направиме тоа. второто полувреме беше подобро, имавме 25 шутеви , ниту заморот по „Суперкупот. Требаше да направиме повеќе, но има и други фактори кои не можам да ги игнорирам“, рече Консеисао.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk