logo
logo
logo

Конечна одлука: ЛОИ во Токио без странски навивачи!

Vecer | 09.03.2021

Конечна одлука: ЛОИ во Токио без странски навивачи!

Летните Олимписките игри во Токио, сепак и покрај проблемите со коронавирусот ќе се одржат годинава од 23 јули до 8 август. Се уште дефинитивно не се знае дали спортистите ќе мора да се вакцинираат или не, но дефинитивно е јасно дека за првпат во историјата на модерните Олимписки игри, нема да им биде дозволено на фановите од страна, да доаѓаат во Јапонија како туристи и да бидат на борилиштата. Таму ќе има место само за домашните фанови на спортот.

Ова е одлука на Владата на Јапонија, како и властите во градот Токио како и главните фаци во МОК. Сите тие заклучиле дека нема услови да им се дозволи на странските фанови да присуствуваа во Токио и да ги следат настаните на ЛОИ.

Интересно е тоа што досега се продадени 900.000 билети.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk