logo
logo
logo

Компани: Баерн секогаш е фаворит, дури и кога игра против шампионот!

Vecer | 27.09.2024

Компани: Баерн секогаш е фаворит, дури и кога игра против шампионот!

Утре во 18.30 часот во меч од 5.коло на “Алијанц Арената“ се среќаваат Баерн Минхен и Баер Леверкузен. Секако дека ова е и дерби на есенскиот дел, ако се знае како играат “баварците“ под водство на Винсент Компани, а кој е Леверкузен на Чаби Алонсо.

Фудбалска Германија, но и цела Европа со нетрпение го очекува овој спектакуларен меч.

Во пресрет на дербито, свој коментар има токму статегот на Баерн:

Добро е што сите се возбудени поради овој меч, тоа значи дека е многу важен. Јасно е дека нема да биде лесно, сакаме да бидеме на максмално ниво против одличен противник. Според мене Баерн е фаворит без разлика што играме против шампионот. Сакаме да доминираме, сакаме да победиме и сакаме да импресионираме со својот настап“ рече покрај другото Компани.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk