Комо ја победи Пиза како гостин со 3:0 во натпреварот од 19-то коло во Серија А. Избраниците на Цеск Фабрегас ја оправдаа улогата на фаворит на гостувањето кај новаците во лигата и забележа трета последователна победа со која се искачи на четвртото место на табелата. Тимот од Ломбардија во Пиза се наметна од првата минута, имаше иницијатива, а домаќините ја имаа првата сериозна можност преку Трамони, кој шутираше покрај мрежата. Кемпф возврати на другата страна, додека првиот дел од второто полувреме т му припадна на Пиза, која се закани со шутеви од Пичинини и Ангори. Казната за промашувањата набрзо дојде. Комо го реши прашањето за победникот за само осум минути, прво Максимо Пероне искористи додавање од Какере и го совлада Семпер во 68-та минута, а Анастасиос Дувикас го круниса одличниот контранапад на тимот на Сеск Фабрегас со гол осум минути подоцна. Пиза можеше да „погоди“ на крајот од натпреварот, но ударот на Енцола од пенал успеа да го одбрани Буте, а конечниот резултат во последниот напад го постави Дувикас, кој реализираше пенал.
Комо по овој мече се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 33 бода, а Пиза е последна во Серија А со 12 бода, исто колку и Верона и Фиорентина.