Иако минаа само неколку дена откако доби отказ во Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, барем според медиумите во Португалија бил пред шокантен аангажман.
Познато е дека Аморим го напушти Спортинг кон средината на минатата сезона, каде што направи големи работи, за да го преземе Јунајтед, но и тој беше „проголтан од силните светла“ на Олд Трафорд.
Тој беше отпуштен во понеделник, а како што објавија некои англиски и португалски медиуми, постои реална можност многу брзо да добие нова работа. А таа работа би предизвикала вистински „земјотрес“ во светот на фудбалот…
Имено, Аморим наводно е главен кандидат за клупата на Бенфика, доколку Жозе Мурињо биде отпуштен, а тоа е сигурно, бидејќи Бенфика е -10 зад лидерот Порто во португалското првенство.
Тој резултат и нова сезона без титула (Спортинг е двократен шампион по ред) е катастрофа за Бенфика, а оваа приказна само „оживеа“, бидејќи дури и ова лето во Португалија се шпекулираше дека Аморим „еден ден“ ќе биде тренер на Бенфика.
Дали тоа ќе се случи веќе оваа година, останува да се види…
Таквиот епилог многу би ги разбеснил навивачите на Спортинг, со кои Аморим има многу блиски односи.
Сепак, она што треба да се нагласи е дека Аморим играше за Бенфика како фудбалер од 2008 до 2017 година, па враќањето во „Луж“ не би претставувало такво предавство за него, како што би претставувало за навивачите на Спортинг.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата