logo
logo
logo

Комити: Вардар ќе живее, затоа што народот така сака

Vecer | 10.03.2021

Комити: Вардар ќе живее, затоа што народот така сака

Навивачите на Вардар, „Комити“ денеска организираа прес-конференција на која дадоа отчет за тоа колку пари се собрани за спас на Вардар. Изразија надеж дека клубот ќе опстане и благодарност до ФФМ и општина Марино што им овозможи на играчите да има каде да тренираат.

„Целиот стадион е распродаден. Ова беше една акција која беше поддржана од сите. Се продаде целиот капацитет, а со тоа е срушен рекордот на спортски настан во Македонија.“, велат „Комити“, кои собраа 3 380 100 денари.

„Вардар ќе живее, не само затоа што ние сакаме така, туку затоа што и народот така сака. Можеби некој не сака така да биде, но веруваме дека така ќе биде. До нас допреа гласини за некакви стечаи, банкроти и слично. Се надеваме дека нема да дојде до тоа. Благодарност до ФФМ и до општина Марино кои овозможија тимот да има каде да тренира“.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk