logo
logo
logo

КОМЕНТАР НА 32.КОЛО: Вардар второлигаш, “ЛУДО“ дерби во Ѓорче, Струга ТЛ пред портите на Европа!

Vecer | 10.05.2021

КОМЕНТАР НА 32.КОЛО: Вардар второлигаш, “ЛУДО“ дерби во Ѓорче, Струга ТЛ пред портите на Европа!

ПИШУВА: Зоран Ѓоршоски

Викендов се одигра 32.коло во ПМФЛ. Вардар и официјално испадна од елитата, и тоа беше вест број еден во сите спортски медиуми кај нас па и на Балканот. За тоа допрва ќе има анализи, што навистина се случи со нашиот најтрофеен клуб, што навистина недостигаше нашиот најголем фудбалски бренд да се спаси. Одговорите мора да се дадат, што побргу, тоа е подобро.

Вчера попладне во Ѓорче екипите на Македонија ЃП и Шкендија го одиграа можеби најубавиот меч од оваа сезона. На крајот шампинот победи со 4:3, но сепак импонираше квалитетната претстава на “лавовите“, нивното залагање, нивната упорност, агресивност. Сепак, на крајот квалитетот на Шкендија дојде до израз. Ибраими и Алими беше тандемот, со помош на младиот Елези, сосема доволно за одличен настап на тетовци, кои како да ја научија лекцијата од минатиот дуел со Струга Трим Лум, се разбира како не треба, па одиграа одлично во Ѓорче. Покажаа зошто се шампиони.

На крајот она со топките?

А што човек да каже…освен дека е срамно за мак – фудбалот, едноставно го засени супер дербито на 32.коло.

НЕ Е СЕ ЗАГУБЕНО ЗА “ЛАВОВИТЕ“….

И покрај победата над Вардар, и покрај тоа што во пресрет на последното коло имаат два бода предност пред Македонија ЃП, сепак иако Струга Трим Лум е пред портите на Европа, пред стружани е голем предизвик. Треба да се победи во недела Силекс во Кратово. А Силекс мора да победи за да го избегне баражот, сметајќи дека „пандевци“ ќе киксираат со Борец.

Многу математики, но факт е дека не е се загубено за Македонија ЃП. Надежта последна умира. Лошо е тоа што сега “лавовите“ својата судбина не си ја кројат самите, и ако го победат Вардар треба да чекаат вести од Кратово.

Пандевци“ го добија дербито со Беласица, одиграа сосема солидно и сега се спремаат за последниот меч со Борец, но и за финалето на Купот на Македонија со Силекс.

Работнички требаше да прими гол од Силекс за 0:1 за да почне да игра. Марио Станковски и Димитар Тодоровски, младите ѕвезди на клубот, уште еднаш “експлодираа“ за конечни 3:1. И кога на нив ќе го дополниш и Фахрудин Ѓурѓевиќ, кој оваа пролет го засени Никола Прелчец, е тогаш сите во клубот треба да бидат тажни и да се запрашаат зошто овој тим, реално најдобар после Шкендија и Шкупи, и ова лето нема да игра во Европа.

Борец ја “загипсира“ Ренова и ја прати во баражот. Чудни се тие велешани, кога сите ги отпишаа, кога ги откачи и моќниот спонзор, кога никој на нив не сметаше, им замина и пола тим, ете, тие се перчат дека и следната сезона ќе играат во ПМФЛ.

Браво за Борец.

Шкупи одново не прими гол, чаирчани со Седлоски на клупата уште не знаат што тоа значи да се тресе својата мрежа. И Пелистер не успеа да го начне голот на Наумовски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk