logo
logo
logo

Колапс: Најголемите клубови ќе загубат 8 милијарди евра

Vecer | 22.05.2021

Колапс: Најголемите клубови ќе загубат 8 милијарди евра

 

Најголемите клубови во Европа поради пандемијата со коронавирусот ќе изгубат повеќе од 8 милијарди евра. Ова е извештај на УЕФА, а веста ја пренесува Ројтерс. Јасно е дека клубовите се во тешка криза, дека ништо веќе нема да биде како порано, барем не во блиска иднина. Можеби затоа Реал, Барса, Јуве и останатите сакаа Суперлига.

Инаку во извештајот стои дека четири милијарди евра е загубено поради непродавање на влезници, 2,7 милијарди од губење на спознорски договори, а 1,4 милијарди по други основи.

Ова се премногу пари и ретко кој во фудбалот, па и во УЕФА може да каже како би се вратиле сите силни милијарди евра кои се загубени.

Големите загуби се одразија и на зимскиот преоден рок, имено имаше 56% помалку трансфери од минатата година.

Во извештајот на УЕФА се споменува и Суперлигата, која според Европската куќа на фудбалот би имала лошо влијание  на европскиот фудбал на спортски, емоционален и финансиски план.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk