logo
logo
logo

Клупа која никој не ја посакува: Инзаги го откачил Манчестер Јунајтед!

Vecer | 05.10.2024

Клупа која никој не ја посакува: Инзаги го откачил Манчестер Јунајтед!

Сензационална вест доаѓа од Островот. Имено иако раководството на Манчестер Јунајтед истакна дека сеуште има доверба во Ерик тен Хаг, сепак во тајност преговарале и испратиле конкретна понуда до Симоне Инзаги, стратегот на Интер кој со клубот од Милано си ја покажа својата екстра тренерска класа.

Сер Џим Ретклиф со нетрпение го чекал одговорот од Милано, Инзаги требало да биде именуван како нов шеф на Јунајтед во понеделник, парите не биле никаков проблем па дури ни отштетата ако се знае дека Симоне Инзаги уима договор со шампионот на Италија.

Но одговорот од Милани ги разочарал сите во Јунајтед, Инзаги едноставно не ја прифатил, па затоа и натаму сите во клубот ќе се мачат со Тен Хаг.

Некогаш секако дека Италијанецот со трчање ќе дојдеше на “Олд Трафорд“,но сега таа клупа воопшто не е примамлива.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk