logo
logo
logo

Клоп: Не сум сигурен дека ни останаа уште шанси за ТОП 4

Vecer | 07.05.2021

Клоп: Не сум сигурен дека ни останаа уште шанси за ТОП 4

Ливерпул сезонава игра топло-ладно, а таквите настапи ги исфрлија „црвените“ не само од борбата за титулата туку  и од борбата за првите четири позиции кои водат во Лигата на шампионите идната сезона. Минатата недела Ливерпул требаше да игра со Манчестер Јунајтед но тој меч беше одложен, а како што стојат работите „Црвените“ немаат шанси за ЛШ идната сезона. Дури и тренерот Јирген Клоп не верува дека неговиот тим може да направи чудо. Сè уште актуелниот првак моментно е на седмото место на табелата со 54 бодови, дури седум помалку од четвртиот Челзи, но Ливерпул има меч за доигрување.

Не сум сигурен дали уште имаме шанси за пласман во Топ 4. Секако ако ни се укаже таква шанса, ние ќе ја искористиме“, вели Клоп кој за протестите на навивачите на Манчестер кажа:

Еден час пред мечот ни кажаа дека на „Олд Трафорд“ има проблем. Седевме во хотел и чекавме. Потоа на телевизија видовме што се случува, а потоа ни кажаа дека мечот е одложен. Дали сум изненаден од тоа што се случи? Не. Јас верувам во демократија. Среќен сум што навивачите излегоа и го кажаа своето мислење. Слушнав дека има повреден полицаец и тоа не е добро. Протестите треба да бидат мирни и без насилство“, вели Клоп.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk