logo
logo
logo

Клоп: Имам договор уште три години со Ливерпул

Vecer | 09.03.2021

Клоп: Имам договор уште три години со Ливерпул

По одлуката Јоаким Лев по европскиот шампионат на лето да замине од функцијата селектор на Германија, автоматски целиот фудбалски свет веќе го прогласи Јирген Клоп за нов кормилар на „Панцирите“. Секако дека веднаш и самиот Клоп беше запрашан околу ова, а тој во негов стил шмекерски и одговори на јавноста.

„Во моментов не можам да бидам селектор на репрезентацијата на Германија, затоа што имам договор со Луверпул уште три години. Многу е просто. Потпишав нов договор, се обврзав на верност кон клубот и се обидувам истиот да го испочитувам.

Лев ја водеше репрезентацијата на одличен начин долг период и мислам дека ќе има достојна замена за него во некои од екстра квалитетните германски фудбалски стручњаци“ – изјави Клоп. 

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk