logo
logo
logo

Клоп: Добрите работи да ги повториме, лошите да ги поправиме

Vecer | 15.02.2021

Клоп: Добрите работи да ги повториме, лошите да ги поправиме

Јирген Клоп како никогаш откако е дел од тимот на Ливерпул е под притисок. Резултатите се лоши, не се онакви какви што сакаат сите да бидат, грешките се повеќе се тука, притисокот врз сите е огромен.

Што се однесува до самиот Клоп, и во приватниот живот му се случија несреќи, почина неговата мајка, а поради рестрикциите во Германија, тој не можеше да присуствува ниту на нејзиниот погреб.

„Многу нешта се случуваат околу нас, политички, приватно, од секаков вид, но јас сум добро. Потполно сум добро. Ја анализиравме целата ситуација, и треба добрите работи да ги повториме, а лошите да ги поправиме. Ако ги погледнете нашите мечеви против Сити односно Лестер, ние не одигравме така лошо за да примиме седум гола, а да дадеме само два. Тоа ни се случува поради индивидуалните грешки, и разговараме околу тоа. Сите сме заедно во ова, и ќе го решиме проблемот“ – изјави Клоп па додаде.

„Ливерпул не е тим кој што може да си дозволи да игра цел час повлечено и да чека контранапад. Тоа не сме ние. Секако дека сме несреќни што сме четврти и што имаме само 40 бода. НАвивачите ме подржаа, тоа многу ми значи и одиме понатаму. Не ми треба никаков одмор“ – вели Клоп.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk