logo
logo
logo

Киву ќе прави “НОВ“ Интер!

Vecer | 15.06.2025

Киву ќе прави “НОВ“ Интер!

фото: inter.it

По катастрофата во финалето во ЛШ, кога Интер беше поразен со 0:5 од ПСЖ, раководството на клубот од Милано се одлучи да се раздели со Симоне Инзаги, а на негово место за нов стратег да го назначи Кристијан Киву. Познато е дека Романецот беше дел од славната генерација на Интер која во 2010 година, заедно со Горан Пандев и останатите ја освои “триплетата“.

И само што дојде, само што го презема тимот, Киву предизвика вистински „земјотрес“ откако најави дека има намера да прави “НОВ“ Интер и дека осуммина ќе можат слободно да си одат.

Тие се Јан Бисек, Франческо Ачерби, Кристијан Аслани, Хакан Чалханоглу, Давиде Фратези, Валентин Карбони, Мехди Тареми и Пио Еспосито.

Засега Интер ги ангажираше Луис Енрике и Петар Сучиќ, а Киву се надева дека по завршувањето на СКП раководството на клубот ќе му донесе уште некое засилување.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk