logo
logo
logo

Кире Гогов: Радоста е голема, честитки за момците, честитки за прволигашки Штип!

Vecer | 01.05.2021

Кире Гогов: Радоста е голема, честитки за момците, честитки за прволигашки Штип!

По пауза од четири години Брегалница се врати во елитата. Од денеска, на две кола до крајот на сезоната во ВМФЛ – ИСТОК, со триумфот над Кожуф од 3:0, штипските „“сини“ ставија печат на пласманот во елитата.

Она што минатото лето го вети првиот човек на клубот, Кире Гогов, тој и го исполни. Тој и неговите соработници од раководството, потоа стручниот штаб на чело со Марјан Секуловски и секако играчите, на Штип му ја вратија фудбалската гордост.

Па, искрено среќен сум, пресреќен сум. Ова е голем успех за за сите нас во клубот. Кога дојдовме во Брегалница првата цел беше да го вратиме клубот каде што треба да биде, ете тоа е остварено. Сега пред нас се нови предизвици. Честитки за момците, честитки за фубалски Штип“изјави за СПОРТМЕДИА претседателот на Брегалница, Кире Гогов.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk