Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија премиерното издание на Интерконтиненталниот куп на ФИФА во средата во Катар. Во финалниот натпревар одигран во Лусаил, актуелниот европски првак ја совлада мексиканската Пачука со 3:0 и освои нов трофеј. Капитенот на хрватската репрезентација и капитен на Реал, Лука Модриќ ги одигра последните 20 минути, а на крајот го подигна трофејот.
Модриќ оваа сезона одигра 25 натпревари со вкупно 1111 минути поминати на теренот. Неговиот договор е со важност до крајот на сезоната, а вечерва го освои 28. трофеј во дресот на „кралевите“. Во 122-годишната историја на клубот од Мадрид, ниту еден фудбалер не освоил повеќе. Еден трофеј помалку има Даниел Карвахал, а два помалку има Начо кој летово го напушти клубот. Марсело и Карим Бензема имаат по 25 трофеи.
На социјалните мрежи се појави снимка од соблекувалната на Реал на која Килијан Мбапе (26) сфаќа дека Модриќ има освоено 28 трофеи во дресот на Реал: „Па тој има освоено повеќе трофеи од моите години“, изјави Французинот и ги насмеа колегите. Видеото веднаш стана вирално меѓу фудбалските фанови.
Kylian Mbappé finding out Modrić has more Real Madrid trophies than he has yeaes. 😂
— TC (@totalcristiano) December 20, 2024