logo
logo
logo

Хаосот продолжува: По стапките на Куртоа тргнаа и Де Брујне и Лукаку!

Vecer | 02.10.2024

Хаосот продолжува: По стапките на Куртоа тргнаа и Де Брујне и Лукаку!

Кевин Де Брујне и Ромелу Лукаку му порачаа на тренерот Доменико Тедеско да не смета на нив во претстојната октомвриска пауза.

Оваа вест се уште е непотврдена, но бројни извори тврдат дека Де Брујне и Лукаку не сакаат да бидат дел од собирот сега во октомври, иако официјално немаат кажано „не“ за репрезентацијата.

Не треба да заборавиме дека Де Брујне по септемвриските натпревари јавно прозва и го критикуваше својот тим, не именуваше никого, но како капитен беше доста незадоволен од претставувањето на поединци.

Сега Лукаку направи проблем, наводно, решил да не одговори по разговор со Тедеско. Да потсетиме дека Тибо Куртоа поради него се повлече од репрезентацијата, па повеќе од јасно е дека сега селекторот ќе биде под поголем притисок од кога било досега.

Белгијците во последниот прозорец го победија Израел, а потоа загубија од Франција. Во октомври тие се среќаваат со Италија на гости (10 октомври) и ја пречекуваат Франција (14 октомври).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk